Што го очекува македонскиот пазар на труд во пост-ковид периодот?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Излегувањето од печат на книгата „Вовед во Економија на трудот, со фокус на македонскиот пазар на труд“ од Димитар Николоски, професор на Економски факултет-Прилеп, беше повод да продискутираме околу предизвиците на македонскиот пазар на туд во пост-ковид периодот.

Епидемијата со Ковид 19 започна како здравствена, а набрзо прерасна и во економска криза. Во моментот кога таа доби размери на глобална пандемија, беше јасно дека ќе предизвика голем шок за економијата во светски рамки, втурнувајќи ја во најдлабоката рецесија во поновата светска историја. Негативниот ефект на кризата се согледува во сите сфери од економската активност преку драстично намалување на потрошувачката, трговијата, инвестиционата активност, пазарот на труд итн.

Според анализите утврден е диспропорционален ефект од корона кризата кај различни дејности и професии. Во овој контекст, посебно погодени професии кои се карактеризираат со голем ризик од изложеност се следниве: сместување, угостителство, персонални услуги, како и ранливите категории работници со нестандардни работни ангажмани кои најчесто први ги губат работните места во случај на криза.

Во ситуација на здравствена и финансиска криза Владата на РС Македонија препозна нова можност за структурни промени и раст преку спроведување на пет пакети анти кризни мерки, а во фаза на подготовка е шестиот пакет.

Недостатокот на стручен кадар од некои профили е директна последица на миграцијата. Потребата од одредени квалификации и вештини директно произлегува од дејноста во која работи компанијата и фазата во синџирот на додадена вредност. Пониско квалификувана работна сила е потребна доколку компанијата додава незначителна вредност во производот, најчесто во фазите на склопување, пакување, достава и сл. Сепак, доколку сакаме да напредуваме и да постигнеме поголема конкурентност потребно е поголемо учество во фазите на идејно осмислување, дизајнирање, инженеринг и сл. за што е потребна високо квалификувана работна сила.

Прашањето околу миграцијата е многу комплексно. Миграциската одлука не зависи повеќе само од разликите во платите дома и во странство туку и од голем број други фактори кои влијаат врз квалитетот на животот. Меѓу нив треба да ги споменеме: квалитетот на јавните услуги, здравата и чиста животна средина, нивото на корупција, раслоеноста на општеството и сл. кои сé повеќе стануваат клучни фактори во донесувањето на миграциска одлука. Точно е тоа дека пандемијата ја ограничи мобилноста на работната сила, а особено на младите кои сега имаат намалени можности за студирање и работа во странство. Овој моментум треба да се искористи на начин што би се дизајнирале специјални пакети на мерки кои би ги таргетирале младите. Ваквиот пакет би требало да опфати: вработување, доквалификација/преквалификација, можност за бескаматно задолжување за станбени кредити и други поволности.

Пандемијата и економската криза што следеше потоа ја продлабочија нееднаквоста во општеството. Имено, најголем дел од „губитниците“ од кризата се маргинализирани сегменти, кои дополнително осиромашија. Од друга страна, „добитниците“ од кризата се глобални корпорации во доменот на ИТ како што се: телекомуникациска индустрија, програмирање, он-лајн порачки, е-трговија, е-маркетинг, е-плаќање.

Оттука, потребно е внимателно осмислување на полититките за редистрибуција на доходот со цел да не се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните. Со цел да се поттикне агрегатната побарувачка, акцент треба да се стави врз поголема владина потрошувачка со таргетирање на најранливите категории во општеството.

Повеќе околу сите овие темии погледнете во интревјуто.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video