Возило излетало од патот во Прилеп, двајца повредени од кои еден потешко

На 31.05.2021 во 10.30 часот на ул.„Радовишка“ во Прилеп, патничко моторно возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(64) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.(59), а возачот Д.Б. се здобил со повреди и на истите им била укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи