Изложбата „РЕЛАЦИИ“ од петок во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 4 јуни 2021, петок, од 12.00 ч. ќе биде отворена изложбата „РЕЛАЦИИ“ од уметникот Игор Таневски. Гостин во проектот е  Филип Ивановски Пепе.

Релации“ е проект во процес, кој започна во 2019 год. како повремена интервенција во простор од транспарентни пластични објекти и растенија, во Ботаничката градина во Скопје, додека инсталацијата „Релации“ поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп реферира на човековиот однос кон природата и кон животот, воопшто во време на изолација, сепарација и време на карантин каде што запираме на определено време со своите рутински постапки.

Инсталацијата се состои од дигитален отпечаток на интервенција во простор, објекти од транспарентна боена пластика или Неколку модели на кооперацијаи полиптих од Филип Ивановски Пепе, гостин во проектот кој ги претставува Приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во објектите Изгубени работи.

Авторот Игор Таневски за проектот

Преку експериментирање со различни технологии и техники при реализирањето на делата, увидов дека постојано се прашувам и интересирам за прашањата, врзани со елементите, водата, просторната перцепција, како човештвото делува во сегашноста и каква иднина создаваме и, накрај, каков сушност се менува светот… Какви релации воспоставуваме едни со други, со природата, во животот, воопшто, секаде во време на паметни технологии и интернет, како пред одредени неопходности…

Со визуелно и ликовно истражување во полето на инсталацијата, објектот, сликарството и дигитално обработените видео-фрејмови, уметноста ја доживувам како отворен систем кој константно го шири нашиот спектар за восприемање искуства. Преку контекстуализација на некоја мисла во естетски предмет, поставена на платформа за да биде видена и исчитана.

Низ проектите специфичноста на делото ја согледувам во тоа што тоа нема само еден фиксиран јазик и смисла. Верувам дека преку естетското градиме комуникација која функционира во бранови, флуидно низ човековото уникатно процесирање на информации. Како една различна точка на внимание во бесконечениот тек на колективната свесност.

БИОГРАФИЈА

Игор Таневски е роден 1995 год. Во Скопје, Република Македонија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, приУниверзитетот Св. „Кирил и Методиј“ –Скопје, во класата на проф. Жанета Вангели во 2018 год. Добитник е на наградата за постигнат највисок просек и одлични резултати во текот на студиите од Факултет за ликовни уметности- Скопје.

2020 год. Магистер по ликовни уметности од област сликарство.

Самостојни проекти:

2019- ЈУ Музеј на Град Скопје, ХОРИЗОНТ

2019 – Галерија,,Лазар Личеноски“ – Скопје, РЕЛАЦИИ (колаборативен проект со Александра Костадиновска) 2018 – Инсталација Blooming,NeulandNight_001NeulandxReborn

Избрани групни изложби:

2020- АРТ ХАБ Скопје, 2017-2020 Изложба на новата млада генерација на ДЛУМ 2019 – Mузеj  на современата уметност Метелкова – Љубљана (MG+MSUM)-Transform: Transform: action, 2019- ЈУ Музеј на Град Скопје, Портали, CreArt Skopje2018- НУ НГМ, Мала Станица, Годишна излошба на ДЛУМ ( Награда за сликарство) – 2018 – Галерија – МКЦ- СкопјеПоместениграници II-роизданиена ДЛУМ- Скопје2018 – НУ Музеј на современата уметност – Скопје, учествува на XII Биенале на млади уметници „Ќе биде ли доцна ако времето запре“

2017 – НУБ„Св. Климент Охридски“Скопје, 1101: СВ. КЛИМЕНТ НИЗ СОВРЕМЕНА УМЕТНИЧКА ПРИЗМА

Награди:

2018- Награда за Сликарство доделена од Друштво на ликовните уметници наМакедонија

2018 – Награда „БоркоЛазески“од Факултет за ликовни уметности- Скопје2017 – Наградено и откупeно дело на изложбата 1101: СВ. КЛИМЕНТ НИЗ СОВРЕМЕНА УМЕТНИЧКА ПРИЗМА од НУБ св. „Климент Охридски“ –Скопје

Избор на проекти:

2020- ЈУ Музеј на Град Скопје, CreArt – Network of Cities for Artistic Creation, куратор на ГОБЛЕНИ самостојна изложба на Филип Ивановски- Пепе

2017/2018 Скопје, Куратор на Риборн „Музеј Дебар Маало“ / „Музеј Дебар Маало II“

Член на ДЛУМ од 2018год.

Биографија

Филип Ивановски Пепе е млад визуелен уметникроден во 1993 год. во Скопје, Македонија. Студиите по вајарство со сценографија ги завршил во 2015год. на Универзитетот „Св.Кирил и Методи” Факултет за ликовни уметности- Скопје во класата на проф. Беди Ибрахим. По дипломирањето работел на сценографии во Македонскиот народен театар и учествувал на групни изложби.Во 2020 год. ја реализира самостојната изложба ГОБЛЕНИ, преку изложбениот концепт КАЛЕИДОСКОП III на Музеј на град Скопје во проектот CreArt. Избрани групни изложби: 2021 НУ Музеј на современата уметност – Скопје, учествува на XIII Биенале на млади уметници Страстзалутање; 2019- ЈУ Музеј на Град Скопје, Портали, CreArt Skopje.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video