8 фирми од Прилеп не исплатиле ланска државна помош за плати за работниците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска информираше дека мерката за Финансиска поддршка за исплата на плата во февруари биле одобрени 12.660 барања, а во март 12.273 барања, додека неисплатени плати биле од страна 181 работодавач и покрај тоа што ја добиле оваа поддршка, па така 753 вработени не ги добиле своите примања.

Овој податок го изнесе директорката на УЈП Сања Лукаревска, за исплатената државна помош во за февруари и март година. Меѓутоа, неисплатени плати од државата има и за ланската година. УЈП веќе покренала постапки за тие работодавачи, но не го менува фактот, дека работниците сепак, останале без плати и покрај тоа што државата помогнале во време на ковид Кризата.

Најголем дел од фирмите кои не исплатиле плати се од Скопје, потоа од Тетово и Битола.  На тие работодавачи им се доставени опомени, по што се пристапува на присилна наплата. Според законот предвидена е казна од 500-10.000 евра, во зависнот од големината на правното лице.

Се’ уште има неисплатена државна помош за работниците од ланската година. 117 работодавачи се’ уште немаат исплатено плата за 366 вработени, со што злоупотребиле над пет милиони денари од државниот буџет. УЈП спровела присилна наплата, изготвени се записници за прекршок и налози за 35 даночни обврзници, од кои 12 од Скопје, 3 од Битола, 8 од Прилеп и 4 од Штип.

За тие што не порамниле, покренато е барање за прекршочна постапка, додека 2286 работодавачи треба да ги вратат парите.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video