Анализа на Пари: Колку заработија Аџибадем Систина и клиниката Жан Митрев во корона пандемијата?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Aнализа на порталот Pari.com.mk во соработка со платформата biznismreza.mk покажува колку заработиле приватните болници во корона пандемијата. Аџибадем Систина остварила вкупен приход од 41 милион евра.

Податоците од biznismreza.mk покажуваат дека клиниката Жан Митрев има пониски приходи, во однос на Аџибадем Систина, но остварената добивка е повисока. Во 2020 година клиниката Жан Митрев евидентира добивка во износ од  8.1 милиони ЕУР, што е за 2.2 милиони ЕУР повисока добивка од Аџибадем Систина која остварила профит од 5,9 милиони евра.

Клиниката Жан Митрев во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, Аџибадем Систина евидентира осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2.7 милиони ЕУР.

Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони ЕУР.

Од аспект на број на вработени, платформата biznismreza.mk пронајде дека клиниката на Жан Митрев има три пати помалку вработени од Аџибадем Систина.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video