Кои можности ги нудат дуалните паралелки во СОУ „Ѓорче Петров“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наши гости во ова издание на емисијата Инфо Регион беа професорките од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Виолета Николоска, професорка по стручни предмети од геолошко рударската и металуршката струка и професорката Јулијана Поповска, професорка по стручни предмети во текстилно кожарската струка. Со нив поразговаравме околу новите дуални паралелки на ова средно училиште : техничар за изработка на облека / техничар за моделирање на облека и ракувач со рударски машини. 

Николоска и Поповска ги објаснуваат предностите на дуалното образование, што добиваат учениците ако станат дел од овиер паралелки, зошто овие струки се дефицитарни кај нас и колкави се можностите на пазарот на труд за оние ученици кои ќе го завршат ова средно образование.

Повеќе на ова тема погледнете во интервјуто.

Во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за учебната 2021/2022 ќе се запишат 322 ученици во 10 паралелки според наставни планови и програми за:

 

  1. Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки

 

– медицинска сестра 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

– фармацевтски техничар 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

– физиотерапевтски техничар 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

 

2. Текстилно – кожарска струка – 25 ученици, 1 паралелка

 

техничар за изработка на облека / техничар за моделирање на облека–дуална паралелка

*(соработка со компании КОМФИ АНГЕЛ ДОО Прилеп, Конфекција КУЛИ ДОО Прилеп, ХАТРА ДООЕЛ Прилеп) 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

 

3. Лични услуги – 68 ученици, 2 паралелки

 

– техничар за козметичка нега и убавина 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

– фризер 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

 

4. Шумарско – дрвопреработувачка струка – 34 ученици, 1 паралелкa – техничар за обработка на дрво 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

 

5. Геолошко – рударска и металуршка струка – 59 ученици, 2 паралелки

 

– геолошко – рударски техничар 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

-ракувач со рударски машини – дуална паралелка

*(соработка со компанија КРИН КГ ДОО Прилеп и Фимар Балкан АД Скопје) 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

 

Прв уписен рок – 14-17 Јуни 2021

Втор уписен рок – 23-25 Јуни 2021

Трет уписен рок – 30 Јуни 2021

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video