Колку пари може да понесете преку граница низ цела ЕУ?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Низ државите од Европската унија, во четвртокот стапи на сила правило дека секој што влегува или излегува од ЕУ мора да пополни декларација за готовина, ако има 10.000 евра или повеќе во таа валута или еквивалентно во други валути, како и други средства за плаќање, како патнички чекови или меници, но и злато.

Преку граница можете да префрлите до 10.000 евра во готово, но доколку имате повеќе од тоа, од денес мора да пополните изјава за потекло на тие пари.

Комисијата наведува дека царинските службеници на влезовите во ЕУ имаат право да ги проверуваат патниците, нивниот багаж и превозните средства. Тие исто така имаат право да запленат пари кои не се пријавени.

Дефиницијата за готовина ќе се прошири и вклучува чекови, монети со најмалку 90 проценти злато, златни прачки и слични артикли.

Доколку царинските службеници оправдано се сомневаат дека парите се поврзани со криминална активност, ќе можат да одземат пари во износ помал од 10.000 евра.

Декларациите за готовината ќе се чуваат дури пет години со цел да се следи колку пари влегуваат и излегуваат од Унијата.

Новото правило е дел од стратегијата на Унијата за борба против перење пари и финансирање тероризам.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video