Лишени четири лица и одземени 11 возила при акција на ОВР Прилеп за спречување на бесправна сеча

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Полицијата при засилени активности на територијата на ОВР Прилеп во изминатите неколку дена лишила од слобода четири лица и одзела 11 возила кои се користеле за транспорт на бесправно исечена дрвна маса.

Одделението за внатрешни работи Прилеп, како што информираат од МВР, во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 презела засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревно дрвна маса.

„Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција. Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп“, се вели во соопштението до МВР.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video