Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска објави два јавни повици, наменети за поддршка на сточарството.

Средствата се обезбедни од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, наменети за сточарското производство и ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на педигрирани говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата.

Крајниот рок за доставување на барањата за Јавниот повик бр.04/2021 е 04.07.2021 година, а за Јавниот повик бр. 05/2021 е 05.07.2021 година.

Повеќе информации на следниот линк:  http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска ја посетија фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој. Станува забор за набавка на 275 педигрирани овци од расата асаф. Вкупната инвестија е 5,5 милиони денари од кои 4,1 милион денари се грант од Мерката 121,1 од Програмата за рурален развој.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакна дека овој проект е заеднички успех на Владата и сточарскиот сектор и е доказ за цврстата определба на институциите да бидат партнери во зголемувањето на сточниот фонд, подобрување на генетскиот потенцијал и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашните фарми. Бачовски посочи дека од денеска е објавен нов повик за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници.

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени“, истакна Бачовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека ваквите проекти се доказ дека политиките кои се сппроведуваат даваат резултати. Двата повици кои се објавени денеска, како што истакна Димковски, се дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

„Се надевам дека средствата наменети за сточарското производство, ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата. Вложуваме не само во обновување на стадата туку и во развој и обновување на пасиштата. За таа цел, минатата година нашите пасишта за прв пат добија струја. Беа распределени 50 фотоволтаични панели низ целата држава, како и 150 метални водопоила“, истакна заменик министерот Димковски.

Димковски појасни дека новите повици се нова шанса за модернизирање на домашните бачила, а сите заинтересирани можат да доставуваат документи до 04. Јули. Апликациите за набавка на педигриран добиток се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk. А на веб страната на АФПЗРР, може да се симне и целата потребна документација како и Упатството за корисници.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video