Наместо да се подготвува во странство за Олимпијадата, Ставре Јада седи дома поради проблеми во скијачката федерација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Поради проблеми во скијачка федерација на Македонија, македонскиот репрезентативец во биатлон и нордиско скијање, Ставре Јада, наместо да е во странство каде ќе се подготвува за Зимската Олимпијада 2022 која ќе се одржи во Пекинг, тој се уште е во родното Крушево. Никој досега го нема официјално известено што точно се случува.

Веке целиот Балкан и пошироко сите екипи се започнати со тренинг и се подготвуваат за Зимската Олимпијада 2022 во Пекинг (Кина), а јас сеуште сум во родното Крушево каде услови за биатлон немам. Претходните години веќе во јуни месец сум започнувал со тренинзи дури и надвор од Македонија, а оваа година каде треба веќе да сум некаде на подготовки се уште никој не ме известил за тоа, доколку останам уште месец јуни во Крушево ќе загубам голем дел од тренинзите и ќе заостанам, а тоа не е баш добро зошто сепак е олимписка сезона“, вели Јада.

Јада се надева дека проблемите во Федерацијата ќе се надминат после овие апели и дека тој за брзо време ќе биде испратен некаде во соседните балкански држави каде ќе може да се приклучи на некоја сериозна екипа за да почне да тренирам поинтензивно. Во спротивно ќе се изгубат неопходните тренинзи за подигнување на формата и ќе се изгуби многу.


Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video