Време е да се актуелизираат проблемите на работниците!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Предизвиците со кои што се соочуваат работниците од ден на ден стануваат посериозни, а помошта која што треба да ја добијат, како по обичај, секогаш е задоцнета или воопшто ја нема. Пасивноста на државните институции задолжени за оваа проблематика воопшто не е олеснителна околност, но ништо подобар пристап немаат ниту репрезентативните синдикални претставници кои што иако мораат да бидат во првите борбени редови, тие се кријат позади комфорот кој што го нуди нивната позиција! “Новиот“ пратенички состав повеќе и не е нов, напротив, помина скоро една година од започнувањето на неговата работа, но и во Собранието никогаш не се поставуваат прашањата поврзани со работниците!

Тоа е недозволиво и мора да се смени! Доволно беше запоставувањето на работничката класа! Доволно беше “залагање“ за решавање на сите “проблеми“ освен оној на работниците! На работниците им требаат ДЕЛА, а не ВЕТУВАЊА!

Токму поради тоа, Движењето за социјална правда „Обединети работници“, како здружение на граѓани кое што активно се бори за подобрување на статусот на работничката класа, БАРА од СИТЕ политички партии кои што се дел од Собранието на Република Македонија, да започнат со изготвување и изгласување на измени и дополнување на законските одредби кои што се однесуваат на проблематиката поврзана со работничките права, социјалната заштита и работните односи во целина.

„Обединети работници“ има изготвено преку 30 измени на постоечките закони кои што би помогнале на работниците, но за нивно ефективно стапување во сила е потребна политичка волја од страна на владејачките партии, како и на оние од опозицијата. „Обединети работници“ стои на располагање на сите субјекти кои што имаат чесни намери во заштитата и унапредувањето на работничката класа, при што во периодот кој што следи ќе ги достави сите изготвени предлог-закони до оние политички партии кои што ќе имаат интерес да се заложат во борбата за подобро општество на секој човек во Република Македонија.

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video