Денес е Светскиот ден на безбедна храна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 јуни, Светскиот ден на безбедна храна, што првпат беше востановен во 2019 година од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО.

Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите.

Под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – „Безбедна храна денес, за безбедно утре“, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи тркалезна маса, на која претставници од науката, институциите и невладиониот сектор ќе дебатираат за новата европска стратегија за безбедност на храната, за перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, за флексибилната примена на правилата за системот за безбеднот на храната низ призмата на потрошувачите.

На настанот ќе се дебатира и за употребата на здравствените тврдења и измамите при нивно користење, за антимикробната отпорност и за иновираната храна како предизвик на 21 век.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video