Времето денес ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. УВ=6
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 26 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. И во следните денови се очекува локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме.