Ниту еден матурант не отсуствувал од полагање на државната матура поради корона


Ниту еден пријавените 15.294 матуранти не отсуствувал од полагањето на државна матура поради изолација како последица на коронавирус, информираше денеска во Утрински брифинг директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

„Од информациите кои ги добиваме од терен, досега ниту еден ученик не се пријавил дека ќе отсуствува од тестирањето поради изолација или затоа што е позитивен на коронавирус. Сепак ние овозможуваме доколку има такви ученици со приложено решение за изолација од Центарот за јавно здравје за себе или за член од семејството, да го достават до училиштето а тоа ќе го проследи до нас. Ние за тие ученици ќе овозможиме дополнителен термин за полагање на државна матура на 25 и 28 јуни“, информира Наумовска.

Како што пренесува Слободен печат, Наумовска информира дека од тестирањето отсуствувале мал број ученици, но поради други причини и болести. За нив нема да важи можноста за полагање на 25 и 28 јуни, туку ќе треба да го чекаат августовскиот испитен рок. На 11 и 13 август ќе можат да полагаат и матурантите кои нема да положат некој од предметите во јунскиот испитен рок.

Вториот екстерен испит, кој е изборен, е закажан за 11 јуни. Учениците се определиле да полагаат англиски, германски, француски јазик, естетика, филозофија, а најмалку се пријавиле да полагаат математика, односно само 1.530 ученика.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи