Власта на Бугарија разгледува можности за донирање вакцини на Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Богдан Кирилов, извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, денeска за БТВ дека властите во државата разговараат за донирање вакцини за Македонија.

„Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството. Владата преговара со разни земји. Знам за договори со Македонија. Начинот на кој тоа треба да се случи се дискутира и со ЕК. Во оваа фаза се коментира за донација, но се разгледуваат и можностите за препродажба“, рече Кирилов.

Во врска со фактот дека до крајот на годината се очекува да пристигнат 14 милиони вакцини во Бугарија Кирилов посочи дека тие активно работат за донации на извесни количини.

„Администрирани се скоро 1,5 милиони.Односно, има доволно достапни вакцини за сите оние кои сакаат да се вакцинираат, без оглед на нивната возрасна група.Бугарија е веројатно единствената земја во која секој, без оглед на возраста и здравствениот статус, може да ја добие вакцината што ја сака на денот кога сака“, изјави Кирилов.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video