Новиот закон за легализација на дивоградби се очекува за 2 недели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментов се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции со што се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите, порача денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за две недели, а којашто ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието.

Од Транспорт и врски убедуваат дека при пишувањето на законот ќе се слушне гласот на сите засегнати страни. Нема да може да се легализира во заштитените подрачја, вели министерот Бочварски, а ќе се спречат и злоупотребите.

„Новото законско решение ќе ги содржи сите компоненти, коишто ќе значат поддршка на целни групи на наши граѓани, какошто се нашите сограѓани, кои изградиле свој кров над глава во семејни куќи, секако инфраструктурните објекти. Верувам дека и низ дебата ќе произлезат и сите оние аспекти, коишто се потребни да ги содржи овој Закон. Така да што работиме на целосно комплетно ново законско решение“, вели Бочварски.

Пршан дали во новиот закон ќе бидат изоставени и деловните објекти, кои се изградени на диво, Бочварски со одговор дека  новиот закон се носи, пред се, да се помогне на граѓаните.

„И во првиот Закон целосно беа исклучени  А2 големите, станбени комплекси, беше внимателно постапено со заштитените зони во Охридското крабрежје. Така и ќе продолжиме целосно да го затегнеме законот, да помогниме на граѓаните, но притоа да не направиме штета на кој било друг аспект и во било која друга зона на делување на овој Закон“, рече Бочварски.

Закон за легализација на дивоградби беше донесен пред еден месец, а потоа повлечен од Собранието откако Претседателот Пендаровски одби да го потпише.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video