Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Согласно конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија за запишување ученици при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп објавува Интерен оглас за запишување ученици во прва година за учебната 2021/2022 година.

БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година за учебната 2021/2022 година СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп, запишува 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Електротехничка струка – 93 ученици, 3 паралелки

– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика/ електротехничар за електроника и телекомуникации: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 55/50 минимум поени

– Техничар за индустриска мехатроника*/ електротехничар – енергетичар (*во соработка со компаниите ПИ Витаминка АД Прилеп и Гентерм ДООЕЛ Прилеп): македонски јазик, 25 ученици, 1 паралелка, 4 години, 55/45 минимум поени

– Електричар/ автоелектроничар : македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 3 години, 30 минимум поени

 

Машинска струка – 93 ученици, 3 паралелки

– Машински техничар за моторни возила/ машинско – енергетски техничар: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 45 минимум поени

– Техничар за производно машинство*/ машински техничар (*соработка со компанијата ВИК ДООЕЛ Прилеп): македонски јазик, 25 ученици, 1 паралелка, 4 години, 55/45 минимум поени

– Автомеханичар/ машински механичар: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 3 години траење, 30 минимум поени

 

 

Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки

– Техничар за транспорт и шпедиција/ техничар за логистика во сообраќајот: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 60 минимум поени

– Техничар за патен сообраќај: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 55 минимум поени

 

Графичка струка – 34 ученици, 1 паралелка

– Графички техничар/ графички уредник-дизајнер: македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 45 минимум поени

 

 

Спортска гимназија – 34 ученици, 1 паралелка

– Македонски јазик, 34 ученици, 1 паралелка, 4 години, 50 минимум поени

 

ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ

Во СОУ Русте Ристески Ричко има 2 дуални паралелки (уште од учебната 2019/20 година и оваа учебна година) и тие се со дуално стручно образование по германски модел, во соработка со Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија. Станува збор за образовните профили Техничар за индустриска мехатроника, од електротехничка струка и Техничар за производно машинство, од машинска струка. Учениците од овие паралелки веќе оваа година, согласно Наставниот план, реализираат практична обука во компаниите „Витаминка“ и „Гентерм“ (тие од профилот Техничар за индустриска мехатроника) и во „Вик“ (тие од профилот Техничар за производно машинство) и така ќе продолжи соработката со тие компании и за учебната 2021/2022 год.

За учебната 2021/2022 година, покрај досегашните образовни профили кои се изучуваат во училиштето, имаме и 4 нови образовни профили и тоа:

  • 2 од четиригодишно образование: Техничар за логистика во сообраќајот (од сообраќајна струка) и Графички уредник-дизајнер (од графичка струка)
  • 2 од тригодишно образование: Електричар (од електротехничка струка) и Машински механичар (од машинска струка)

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во I година во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп, (во натамошниот текст училиштето) во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот објавен од МОН и со овој Интерен оглас. Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во училиштето, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка и образовен профил) го има во општината односно регионот од каде доаѓа ученикот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот од МОН и со овој Оглас.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи (доколку имаат) од освоени места (I, II или III) од меѓународни и државни натпревари од: мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените, без оглед на датумот на издавањето, но оригинал или копија заверена на нотар.

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање (доколку има потреба од такво) ќе се организира во училиштето на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши  на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во период од 16:00 до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање за второто пријавување (доколку има потреба од такво) ќе се организира во училиштето на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи  со резултати ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето за образовните профили за кои има слободни места после јунскиот уписен рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигаат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштето има обврска да им ја врати целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

 

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени места (I, II или III) од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение.

За учениците кои се пријавуваат за упис на Спортска гимназија, покрај горенаведените критериуми за избор, се вреднуваат и способностите за спортски вештини на учениците (спортски полигон)

Доколку на овој Интерен оглас се пријават поголем број на ученици од предвидениот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следниве наставни предмети: мајчин јазик и математика.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10). За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети  (два наставни предмети задолжителни за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет). За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени. За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој Оглас може да добие најмногу 80 поени. Утврдениот број минимум поени за првото пријавување е составен дел на овој Оглас.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 

ПРЕГЛЕД

На наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирањe на успехот на учениците

 

Ред.

Бр.

С Т Р У К А Наставни предмети кои се задолжителни Наставни предмети кои се од значење за струката, односно изборното подрачје
1. Електротехничка Мајчин јазик и странски јазик – математика и физика
2. Машинска Мајчин јазик и странски јазик – математика и физика
3. Сообраќајна Мајчин јазик и странски јазик – математика и физика
4. Графичка Мајчин јазик и странски јазик – хемија и ликовно образование
5. Спортска гимназија Мајчин јазик и странски јазик – биологија и физичко и здравствено образование

 

 

НАПОМЕНИ:

– Пријавувањето го врши лично ученикот, а доколку тој од оправдани причини (болест) е спречен, тогаш пријавувањето го врши неговиот родител/старател;

– Пријавувањето на учениците за упис ќе се врши според Протоколот за упис од МОН со почитување на сите препораки за заштита од КОВИД 19

– Квалификационот тестирање (доколку има потреба од такво) го спроведува Комисија формирана од страна на МОН, со Решение на министерот. Тестирањето ќе се реализира во училиштето, а врз основа на испитната програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video