Вчера се аплицирале 9 142 дози вакцини, 1 755 граѓани добиле прва доза

Facebook
Twitter
Email
Print


На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вкупно со барем една доза се вакцинирани вкупно 249 187 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 399 962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150 775 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден, прва доза вакцина примиле само 1 755 граѓани, а ревакцина добиле 9 142 граѓани.

Со последните бројки, 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи