Чантурија со нов договор останува уште една година во РК Прилеп


Популарниот Резо е еден од најзаслужните што Прилеп избори опстанок во елитното друштво и со тоа без никакво размислување постигнат е договор со раководството на клубот за продолжување на соработката со најдобриот стрелец на Прилеп изминатата сезона.

Искусното десно крило од Грузија со македонски пасош, Реваз Чантурија пристигна во РК Прилеп пред почетокот на минатата сезона од Металург. Бидејќи веќе има 39 години, може да се очекува дека за Чантурија ова ќе биде последна сезона и ќе се пензионира во Суперлигата на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи