Националната опера и балет гостува во Цепенков со балетот Болеро и оперски концерт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 11. 06. 2021, петок од 20.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ гостува Националната опера и балет, која ќе го изведе балетот Болеро и ќе одржи оперски концерт.

Заради почитување на протоколите за заштита од корона вирусот, бројот на седишта во големата сала е ограничен. Сите заинтересирани можат да подигнат бесплатни влезници од денес, среда од 10 до 13 часот, и в четврток и в петок од 10 до 13 часот на билетарницата од Центарот.

Гостувањето на Националната опера и балет (НОБ) е во рамките на Програмата за работа на ЦК„Марко Цепенков“ за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.                                         

Болеро

Танцот е прослава на животот. Танцот е уметност на простор и време, едно бесконечно патување,една форма на медитација која живее низ векови. Танцот е аранжман или патерн во простор и време, исто како и музиката, и привлекува временски ритам, како и музиката. Танцот носи ритам и во двете сфери – звучен и визуелен. Танцот е уметност во временскиот простор и како таква е единствена.

Музиката мора да биде конектирана со движењато, магнетни сили кои обединуаат групи, а силите на ритамот го носат телото низ просторот. Имајќи ги овие цитати како рефернца за делото, темата со која се занимаваме е многу комплицирана и ограничена, но сепак ни даваедна слобода на изразување. Имајќи ја оваа идеа, ги гледам играчите како музички ноти  кои патуваат низ времето и просоторот, музиката е основата, телото е инструментот. Како што сликарот ја користи четката на платно, скулпторот ги користи своите раце или писателот користејќи ги празните страници, пополнувајќи ги со секоја буква.

Танцот ги поврзува уметноста и културата, што ги обединува сите нации низ целиот свет. Танцот е универзален јазик. Можеби од тука доаѓа и инцпирацијата за “ Болеро ”, која за носи емоција на среќа, на преродба, на нови почетоци, на надеж. Секој од нас се соочува со сопствени проблеми за кои никој не знае. Затоа, секогаш мораме да гледаме напред, да бидеме сплотени, да бидеме љубезни еден кон друг, да се разбираме…можеби тоа би било пораката меѓу редови.

Оперски концерт

Во оперскиот концерт ќе настапат еминетни оперски пејачи од НОБ кои ќе исполнат дела од Бизе, Чајковски, Моцарт, Пучини….

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video