Гимназијата „Мирче Ацев“ продолжува да биде јадрото на прилепската интелегенција


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион беше директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев, Димче Настоски со кого поразговаравме околу новите уписи на средношколците за оваа 2021/2022 учебна година.

Според Настоски тие како училиште не гледале воопшто конкуренција во стручните училишта во градот бидејќи во Гимназијата се запишувале ученици кои како „занает“ го избирале учењето.  Настоски вели дека Гимназијата секогаш била и ќе биде атрактивна за оние ученици кои сакаат интелектуално да напредуваат.

Прилепската гимназија е помеѓу 4-те гимназии на ниво на Македонија кои имаат освоено најмногу први, втори и трети места на државните натпревари.

Гимназијата е првото средно училиште во Прилеп оформено со одлука на Президиумот на АСНОМ и започнува со работа во 1945 година. Најголемиот дел од интелектуалците во Прилеп од  сите сфери произлегле токму од Гимназијата.

Настоски вели – „Едно е да бидеш средношколец, а едно е да бидеш гимназијалец. Тоа звучи гордо и дава шанса за интелетуален напредок“

Повеќе околу можностите кои гу нуди Гимназијата за уписи на средношколците за оваа 2021/2022 учебна година погледнете во интервјуто.

Врз основа на КОНКУРСОТ од Министерството за Образование и Наука на РСМ, СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „ МИРЧЕ АЦЕВ “ – ПРИЛЕП ОБЈАВУВА

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА 2021/2022 година

Во прва година во СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за :

1.Гимназиско образование – 306 ученици,

9 паралелки, минимум 60 поени:

– Природно – математичко подрачје (комбинација А)

– Природно – математичко подрачје (комбинација Б)

– Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)

– Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)

– Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)

– Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

Утврдениот минимум број поени за пријавување е составен дел на овој Конкурс.

За упис во гимназиско образование, намалувањето на утврдениот минимум број на поени не е дозволено.

 

  1. Една паралелка за фудбал во состав СОУ Гимназија Мирче Ацев, – (за ученици кои ги поминале селективните тестирања од стручни комисии и се примени.)

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за Спортската академија и со овој Конкурс.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование;

а) гимназиско образование;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари ( организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука ) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение. За учениците кои се пријавуваат за упис во Спортската академија покрај горенаведените критериуми за избор, се вреднуваат и способностите за спортски вештини согласно Законот за Спортска академија.

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост. Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште. Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа: – за гимназиско образование – мајчин јазик и математика; За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10). За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет). За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие: – За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени – За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен. За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4). Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница)

– Учениците при пријавувањето за упис да ја носат пријавата пополнета.

– Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– Дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

– Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец Јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 Јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 Јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 Јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 Јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 Јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 Јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 Јуни 2021 година.

 Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 01 Јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 Август 2021 година за што доставуваат доказна документација. По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

 

НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре. Директорот на средното училиште формира Училишна комисија за запишување на ученици, која ја сочинуваат 5 (пет) членови и тоа:

– Директор на училиштето;

– 4 (четири) членови од редот на Наставниците и Стручните соработници во училиштето.

Претседател на комисијата е Директорот на училиштето, а комисијата може да има и заменик претседател и заменици членови. Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува ранг истата на примени ученици и решава по приговори од ученици по ранг листата во рок од 24 часа по истакнувањето на истата и ги врши следните надлежности:

– формира посебни комисии (комисија за прием на документи, комисија за рангирање и комисија за квалификационо тестирање во училиштата во кои ќе се пријават поголем број на ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од утврдениот број со овој Конкурс);

– објавува интерен оглас согласно овој Конкурс за секое пријавување и го објавува на јавно место во училиштето; – објавува ранг листи на пријавени и запишани ученици;

– доставува извештаи за пријавени и запишани ученици до Министерството за образование и наука и до општината,

– ги враќа примените документи (освен пријавата) на учениците коишто не се запишани во училиштето по секое пријавување во рок од 48часа по конечните ранг листи;

– ги утврдува резултатите од организираното квалификационо тестирање; Комисијата за прием на документи ги врши следните надлежности:

– го организира приемот и врши прием на документи;

– ја проверува комплетноста и исправноста на документите и одговора за примените документи; – ги архивира примените документи и издава потврда за примените документи;

– дава потребни информации и насоки на учениците и родители за запишување на учениците. Комисијата за рангирање ги врши следните надлежности:

– врши рангирање на учениците согласно доставените документи определени во Конкурсот;

– изготвува ранг листа на пријавените кандидати и запишаните кандидати со забелешка на ранг листата заклучно со кој реден број се примени ученици и правото на Приговор и ја доставува до Училишната комисија;

– ја известува Училишната комисија доколку се пријават повеќе ученици од утврдениот број со овој Конкурс.

 

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број на ученици од планираните предвидени во овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификационо тестирање. Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот. За реализација на квалификационото тестирање во училиште во кое се пријавени поголем број на ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, Министерот со решение формира комисија во состав од 5 члена и тоа:

– 2 претставници на Министерството за образование и наука,

– 2 претставници од Бирото за развој на образованието и

– 1 претставник од училиштето во кое се спроведува квалификационото тестирање.

Претседател на комисијата е претставник од Министерството за Образование и Наука, а Комисијата има заменик претседател и заменици членови. Квалификационото тестирање на учениците ќе се реализира во Средното училиште, а врз основа на испитна програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.

 

НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

 

Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за Образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.

 

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

1 2 3 4
Ред.Б р. Гимназиско образование: Наставни предмети кои се задолжителни Наставни предмети кои се од значење за изборното подрачје
1 Природно – математичко подрачје (комбинација А) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика, физика
2 Природно – математичко подрачје (комбинација Б) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика, биологија
3 Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика,

историја

4 Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика,

историја

5 Јазично – уметничко подрачје (комбинација А) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика,

историја

6 Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик) – математика,

историја

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи