Двајца тешко повредени во вчерашната сообраќајка на Плетвар

На 08.06.2021 во 08.00 часот на патот Градско-Прилеп се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(37) од Прилеп и патничко моторно возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(26) од с.Шивец, кавадаречко.

По незгодата, од доктор во Градската болница Прилеп на сопатници во возилото „фиат пунто“, П.Ш.(63) и Ј.Ј.(38) од Прилеп им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи