Најскапото паркинг место во светот чини неверојатни 1.3 милиони долари


Паркинг простор во луксузниот станбен комплекс Монт Николсон во престижната станбена област Пик во Хонг Конг е продаден за рекордни 1.3 милиони долари.

Хонг Конг е еден од најгусто населените градови во светот, со огромен број на автомобили, што задолжително значи и проблем со наоѓањето на паркинг место. Поради тоа паркинг местата во овој град достигнуваат неверојатни суми.

Претходниот рекорд за цена на паркинг место исто така беше поставен во Хонг Конг кога една исто вакво место достигна цена од 980.000 долари во 2019 година.

Хонг Конг често е на врвот на листата на најскапи места за живот во светот. На подрачјето на Пик во мај годинава, беше поставен уште еден рекорд – изнајмените станови беа проценети на 210 илјади долари месечно.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи