Почна уривањето на нелегалните објекти на плажите во Охрид


Како што пренесува „Охрид њуз“, утрово започна отстранувањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје.

Ќе се отстранува платформата на познатата плажа „Куба Либре“. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување.

Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со електрична енергија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи