ВИДЕО – „Селанска буна“ во организација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР за да се слушне гласот на македонските села

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Селанска буна“ е настанот кој денеска се организираше во селото Славеј, општина Кривогаштани, од страна на која локалната акциона група ЛАГ АГРО ЛИДЕР, а чија цел беше да се слушне гласот на оние кои се воздржуваат да се изјаснат јавно, а воедно и да се детектираат предизвиците со кои се соочуваат луѓето во македонските села. Целиот настан е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија. Депопуларизацијата, деаграризацијата, а воедно и самата миграција доведува до неповолна социоекономска положба на жителите во селата, а пандемијата само ја влоши и онака не поволната состојба на овој план во руралните средини.

„Сакаме да ги детектираме клучните приоритети на жителите во селата, особено на земјоделските работници кои се најпогодени од пандемијата со Ковид 19 и да помогнеме да се креираат идејни решенија кои ќе соодветствуваат со реалните потреби на животот во нашите села. Она што локалната акциона група ЛАГ АГРО ЛИДЕР го работеше за време на пандемијата со Ковид 19 беше да изврши темелна анализа за предизвиците со кои се соочуваат жителите во селата, особено руралните жени, воедно ја креираше и платформата Домашно.Мк и обезбеди советодавна и правна поддршка за сите жители на територијата на која што делуваме. Успеавме да допреме до 400 жители во руралните средини во тек нa пандемијата, да ги посетиме, да ги сослушаме и да најдеме начини како можеме да им помогнеме и мислам дека направивме мали, но значајни чекори во подобрување на положбата на жителите во селата. Она што особено е наш знак на достиг е дека заедно со Фондација Отворено Општество Македонија ја креиравме првата иницијатива за промени во законска регулатива и овозможување на платено породилно остсуство на жени земјоделки, кои што детектиравме како горлив проблем што ги доведува жените до руралните средини во неповолна положба и во дискриминација во однос на другите жени работнички во други сектори“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Со советодавната и правната поддршка што ги понудила ЛАГ АГРО ЛИДЕР се успеало да се допре до најранливите маргиналзирани групи и да им обезбеди соодветна поддршка, како да ги искористат владините мерки и како да допрат до дополнителни мерки. Опфатени биле околу 200 лица на кои што им е обезбедена директна поддршка. Во однос пак на ефикасноста на мерките кои беа дадени за време на пандемијата може да се каже дека беше занемарена неформалната економија.

Најголем дел од неформалните работници и неформалниот сектор се поврзани со земјоделското производство, каде што пак најголем дел во неформалниот сектор работат жени. Тие се особено ранливи категории , работат физичка работа која што во овој период на пандемија тешко можи да се прекини. Од друга страна дел од нив немаат социјално осигурување, здравствено осигурување, изложени се на ризик од пандемијата и слично.

Во рамки на овој проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР било направено истражување со било утврдено дека процентот на неформална економија во Македонија се движи од 23 до 27 проценти, а од друга страна пак 30% од луѓето кои работат во неформалната економија целосно ги изгубиле своите приходи, а додека 70% почувствувале намалување на нивниот приход.

Она што е позитивно е дека најголем дел од нив имале здравствено осигурување, но од друга страна голем дел од нив кажале дека неискористиле мерка ниту од централната, ниту од локалната власт, голем дел покажале дека не ги разбираат мерките, дека им се потребни дополнителни мерки и тоа некаде 70%. Голем дел од нив кажале дека им треба се уште поддршка и сакаат таа поддршка да ја добијат директно односно како парична помош или да добијат информации како да ги искористат веќе постоечките мерки кои доволно не ги користат. Од тие причини може да се каже дека се уште има простор за подобрување на начинот на кој се пристапува со мерките во услови на кризи, на пандемии, меѓутоа и во период на заздравување до неформалниот сектор, неформалните работници и пред се неформалните работници кои работат во земјоделскиот сектор. Се надеваме дека и централната и локалната власт ќе го имаат ова во предвид во периодите кои доаѓаат и кога ќе треба креираат дополнителни мерки во оваа насока“, истакна д-р Борче Треновски, вонреден професор на Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје.

Како поддршка на земјоделците, особено во периодот на пандемијата ЛАГ АГРО ЛИДЕР, со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија ја создаваат електронската платформа Домашно.Мк како простор за промоција продажба и дистрибуција на земјоделски производи, нивни преработки, уметнички дела и ракотворби, како и промоција на локални автори.

„Платформата има за цел директно да ги поврзе произведувачите и авторите со пазарот без посредници на начин кој што им овозможува поголема финансиска корист од нивните активности.  Луѓето кои се вклучени во креирањето на платформата исто се трудат да имаат влијание и врз дигиталната писменост на руралното население и врз создавањето на свесност кај производителите од важноста на присустноста на дигиталниот пазар и нашиот мал тим активно соработува со производителите во креирањето на нивните мали брендови. Платформата доставува производи на ниво на целата држава, а на територијата на Општина Прилеп доставата е со електронски велосипеди. Досега имаме регистирано 110 производи од 34 автори“, рече Звонко Димоски, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Од Фондација Отворено Општество Македонија велат дека пандемијата од КОВИД-19 ја издигнала  потребата од воведување на дигитализацијата во земјоделскиот сектор и воведување на е-продажба на свежи и преработени земјоделски и сточарски производи од земјоделските стопанства. ЛАГ Агро Лидер своите активности ги насочил токму кон воведување на онлајн продажба на свежи и преработени земјоделски производи преку креирање на онлајн платформата Домашно.мк на која платформа тие како како Фондација Отворено општество – Македонија биле особено горди.

„ФООМ и ЛАГ Агро Лидер подготвија и заедничка иницијатива за измени на законската рамка (Законот за работни односи и Законот за здравствено осигурување) со цел жените носители на земјоделски стопанства и регистрирани индивидуални-земјоделки да се стекнат со право на платено породилно отсуство, со што ќе се заштитат од дискриминација, а ќе се придонесе кон почитување на принципите на владеење на правото и концептот на социјална држава. Со оваа иницијатива ќе се исправи неправдата за 10.000 жени во репродуктивна возраст и ќе се обезбеди токму правото на платено породилно отсуство. За да се спречи понатамошното продлабочување на ранливоста и понатамошната маргинализација на работниците со ниски плати и неформалните работници, Фондацијата обезбеди и 255.000 долари поддршка за ефикасна и навремена помош за голем број нископлатени и неформални работници, од кои најголем дел жени, Роми, самохрани родители, со административна и параправна помош за да добијат пристап до државните мерки за помош, неопходни за исполнување на основните животни потреби и обезбедување на на заштита на нивните работнички права“, истакна Кире Миловски од ФООМ.

Во рамки на денешниот настан беше промовирана и книгата „Мајка ми знае што се случува во градовите“ од авторот Радмила Петровиќ од Србија. Ова е прва книга од поголем циклус кој што го најави ЛАГ АГРО ЛИДЕР, проектот е реализиран со поддршка на ЕУ и ГЕТЕ институтот, а целта е на ваков начин да се допре до младите во руралната средина. Книгата ќе биде дистрибуирана до сите културни центри и училишта.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video