МВР: На патот Прилеп-Градско запленета марихуана во вредност од околу 200 илјади евра, возачот нудел мито да не го претресуваат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 10 јуни околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Дрогата е пронајдена во заедничка акција на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Прилеп.

„Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „Ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р.Албанија. При контролата, албанскиот државјанин на полициските службеници им понудили пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. По извршената контрола, во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана, во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти Ангеловски.


Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video