Владата ќе исплати К-15 на 27 илјади административци вработени во телата на државната и локалната власт


Вработените во телата на државната и на локалната власт и други установи ќе добијат по најмалку 9.000 денари К-15, иако голем дел од вработените во државната администрација не одеа на работа или работеа во смени за време на пандемијата.

Владата веќе издвои пари за таа намена во ребалансот на буџетот за 2021 година во износ од 4 милиони евра.

Станува збор за 27 илјади членови на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, во кој членуваат вработените во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други органи основани од Собранието.

Синдикатот на УПОЗ потпиша грански колективен договор со Владата во февруари 2020 година, со кој е предвидена и исплата на регрес за годишен одмор. Минатата година не беше исплатен К-15 поради пандемијата на коронавирус, но за оваа година премиерот Зоран Заев на завчерашната прес-конференција за ребалансот на буџетот кажа дека мора да го исплатат за да не се соочат со тужби.

Но, нема да има К-15 за останатите вработени во јавниот сектор, оние во образование, здравство, полиција и одбрана и јавните претпријатија формирани од единиците на локалната самоуправа, бидејќи тие имаат посебни синдикати и не се опфатени во овој колективен договор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи