ВИДЕО – Совети на нутриционистот Елена Мирческа како до здрав начин на живот за лицата со замастен црн дроб

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наталожување на масти во црниот дроб настанува кога некој конзумира повеќе масти и шеќери отколку што неговото тело може да преработи. Замастувањето не е толку наивно зошто понатаму може да доведе до воспаление и промени во структурата на црниот дроб кои водат до цироза и крајно канцер на истиот.

На светско ниво, една четвртина од населението пати од ова заболување, а фактот што болеста не дава никакви симптоми кажува доволно колку е опасна и подмолна и колку често се открива во краен стадиум. Од тука е потребата за почест мониторинг и контрола што се случува во нашиот организам преку повремени проверки на крвна анализа и ехо на абдоминални органи.

Прво мора да се нагласи дека овој ден не е само за подигање на свеста и советување како да се третира состојбата на неалкохолно замастување или оштетување на црниот дроб, туку првенствено како да се спречи да настане една ваква состојба која е во подем на светско ниво. Што значи овој ден не засега сите нас, зошто народната „подобо да се спречи, отколку да е лечи“ е најважна за било кое заболување.

Како што самото име имплицира, замастување на црниот дроб, значи дека погодува луѓе кои имаат прекумерна телесна тежина, посебно ако телесната градба доведува до наталожување на масти околу половината. Не се проблем мастите кои се надворешно околу стомакот и се видливи со голо око, туку тие кои се таложат околу внатрешните органи, во случајов околу црниот дроб, наречени висцеларни масти и ја попречуваат функцијата на органите. Често, човекот може да има и нормална телесна тежина, но доколку јаде премногу слатка и мрсна храна, може да очекува да го добие ова заболување.

Најчесто оваа состојба може да се очекува кај метаболниот синдром, односно група неправилности во функционирањето на организмот, како: дебелина, висок крвен притисок, висок шеќер и скриен шеќер, висок холетерол и триглицериди во крвта и слично.

Колку е опасно? 1 од 5 лица кои имаат замастување на црниот дроб, ќе развијат морфолошки промени во структурата на органот кои водат до цироза, а еден  1 од 10 од нив ќе развијат канцер кој ќе доведе до откажување на работата на црниот дроб.

Поради фактот дека не постои третман за спречување или лекување на ваквата состојба, мораме да направиме целосна промена на целокупниот животен стил, почнувајќи од исхраната, физичката активност и навиките во спиењето.

На што да се обрни внимание:

  1. Навремени оброци во текот на денот кои нема да го оптоваруваат телото. Значи да не се прегладнуваме во еден дел од денот, за во друг да се прејадеме. Совет: 3 главни оброци и 2 ужинки измеѓу нив.
  2. Контрола на порцијата: сите сме свесни колку количински треба да изгледа една нормална порција, да се срвира во помали тајнири и да се стани од масата во моментот кога сме веќе сити.
  3. Планирање на оброците: да се направи неделно мени на исхрана за целото семејство и список на намирници што треба да се набават.
  4. Да се јадат 5 порции свежо овошје и зеленчук во сите бои на виножитото. Само така ќе бидеме сигурни дека сме го обезбедиле телото со сите неопходни минерали, витамини и фитонутриенти. Големината на една порција е колку една наша тупаница или онолку колку нашата дланка може да собере.
  5. Кога и како да се јаде овошје? До пладне, да се комбинира слатко со киселкасто овошје и секогаш да биде придружено со житарици, семки и семиња, како би се предизвикал претеран скок на шеќерот во крвта.
  6. Кога да се јаде салата и каква? Пред секој ручек и вечера, како би се обезбедило телото со ензими неопходни за варење на храната во дигетивниот тракт, а истовремено да се наполни желудникот со свежа и лесна храна како би се превенирало прејадување. Најчесто салатата да биде составена од темно лисест зеленчук, а сите останати зеленчуци да бидат само додаток. Пример, домат и крставица не се салата, туку само додатоци. Исто така да се напомени дека салтата мора секогаш да биде свежа, а не термички третирана. На пример цвеклото и морковот кога се свежи го намалуваат шеќерот во крвта, а кога се варени го покачуваат.
  7. Житариците да не се избегнуваат, туку само да се заменат за целозрнести, да не се отфрла лушпата во која се сконцентрирани најголемиот дел од витамините и минералите, како и растителните влакна кои исто така превенираат скробот од зрното да го покачи шеќерот во крвта.
  8. Мастите да се внесуваат преку здрави извори како семиња, семки, јатки, авокадо, маслинки и најважно ладно цедено масло за салати и минимална употреба на масло за готвење. Да се избегнува пржена и фритирана храна, запршки во јадењата, како и додаток од сосови, кремови, маргарин и слични заситени масти.
  9. Протеините да бидат од здрави извори како мешунки, соја, обезмастени, најдобро ферментирани млечни производи, бело месо како риба и пилешко во ограничена количина, не секој ден, а да се избегнува црвеното месо и морската храна, додека сувомеснатите производи целосно би се отфрлиле од исхраната.
  10. Внесот на сол да се намали, но не и да се исклучи. Се препорачува околу 5 грама, односно едно лажиче сол во текот на денот, вклучително и солта која природно ја внесуваме преку исхраната, значи посолувањето на јадењата да биде минимална, зошто храната и онака си содржи доволно сол во себе.
  11. Внесот на шеќер целосно да се ограничи, по можност и да се исфрли.
  12. Внесот на течности да се сведи во најголем дел на чиста, негазирана вода за пиење, помалку домашни чаеви и свежо цедени сокови, додека купечките сокови и алкохолот целосно би се исфрлиле од исхраната.
  13. Како термички да се третира храната? Секогаш домашно подготвена, секогаш варена или печена, никако пржена, да се одберат оброци каде храната нема предолго да се третира како не би се нарушувала многу нејзината природна структура. Брзо зготвените оброци заштедуваат и време и здравје.

 

Физичката акривност, исто како и исхраната е клучен фатор во одржување на здрав организам и нормална телесна тежина.  Кога е идеално време да се почне со движење? Сега!

Доколку предходно не сте биле физички активни, посебно доколку имате зголемена физичка тежина, најпаметно е прво да се почни со пешачење, во должина и темпо која вам најмногу ви одговара, а ќе биде доволна да се забрза срцевиот ритам и да се испотите. Секоја физичка активност треба да биде постепена и прогресивна и сосема е доволно на почеток да биде и само еден круг околу квартот вокој живеете, со тенденција постепено да се зголемуваат метрите, а понатаму и колометрите.

Одберете физичка активност која вам ве исполнува, дали ќе биде пешачење, возење велосипед, планинарење или ќе се приклучите на некои фитнес часови, не е важно. Важно е да се движите минимум  5 пати неделно, да не почнувате нагло и со преморување и да немате нереални очекувања на почеток, како не би дошло до разочарување и крајно откажување.

И на крај сонот за целокупното здравје е исто толку важен како и исхраната и физичката активнот. Недостатокот од сон се поврзува со пореметување на метаболизмот на човекот и води до гореспоменатиот метаболен синдром. Исто така, доколку сме ненаспани, следниот ден сме уморни и немаме сила и воља нити за физичка активност, нити за во кујна.

Колку да се спие? Препорачано е 7-9 часа за возрасни и 9-11 часа за деца.

Кога да се спие? Се знае, ноќе, во разумно време, како би се изградил добар сон без прекини кој би ги следел физичките процеси на телото кога да одмара, а кога да финкционира.

Автор : Елена Мирческа, нутриционист и фитнес тренер

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video