Традиционална изложба во чест на Зазо во понеделник во Цепенков


Изложба на фотографии од Кино Клубот Прилеп ќе биде отворена в понеделник во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ од 18.00 часот. Клупската изложба на уметнички фотографии традиционално се реализира секоја година во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо.

Изложбата се одржува по осми пат и ќе бидат изложени 63 фотографии од  59 автори, членови на Клубот, кои преку своите дела ќе го претстават нивниот личен уметнички потенцијал преточен во фотографија.

Изложбата ќе се реализира според предвидени протоколи за заштита од корона вирусот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи