ВИДЕО – Ориентација, зип лајн, игри, планинарење – над 150 млади дел од Едукативниот планински камп во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Над 150 млади се дел од првиот  Едукативен планински камп за млади, кој се одржува викендов во Прилеп во организација на Спасителната служба „Златоврв“. Учесниците на овој камп ќе имате можност да ја запознаат природата од еден поинаков агол, како и придизвиците кои таа ги нуди. Целта на овој камп е пред се, да се зголеми спортската активност кај младите во Прилеп и едукативно да се запознаат со природата,

„Прилеп полека но сигурно станува центар на авантуристичките спортови. Се повеќе земаат замав сиите оние спортови како што се спортско качување, параглајдинг, планинарење, истражувањже буквално во целата околина на Прилеп, down hill трките. Наша цел е да ги насочиме младите и да ја презентираме природата, да ги доближиме до природата за да можат да се насочат кон спортот и овие области на планинарењето“, изјави Дарко Неданоски, раководител на Спасителна служба „Златоврв“.

Освен спортскиот дел претставниците од младинскиот совет на прилепската гимназија се задолжени за културно забавниот дел на кампот.

„Како гимназија ние сме задолжени да присуствуваме на вечерната забава од едукативен тип, прво ќе има поетска вечер на која ќе има деца кои ќе кажуваат поезија, а потоа имаме тим кој што со ќе не забавува со свирење и пеење околу логорскиот оган“, рече Александра Игнатоска, член на младинскиот совет при гимназија „Мирче Ацев“.

Младите навистина се забавуваа на овој камп, едуцирајќи се што е тоа ориентација, се спуштаа по зип лајн, и играа голем број игри, се запознаава со основите на планинарењето.

„Сега сум на кампот кај селото Ореовец, многу е убаво, се забавуваме, сега ќе одиме на зип лајн, се качуваме по планините“, рече Огнен Аџаклиески, учесник на кампот.

 „Дојдовме тука во кампот, многу се забавуваме, играме игри без граници и многу ни е интересно“, кажа Марко Трајкоски, учесник на кампот.

 „Тука е многу забавно играме разни игри како влечење на јаже, скокање во вреќи, а утре ќе ја посетиме и пештерата Рамниште“, вели Дарија Конеска, учесник на кампот.

Оринетацијата е спорт каде со помош на компас и мапа треба да се откријат зададени точки во природата.

„Во природата се наоѓаат поставени овие знаменца со портокалово-бела боја каде што се наоѓаат перфоратори и со помош на мапата потребно е младите да се снаоѓаат во природата да ги најдат обележаните контролни точки на картата, доказ за тоа е обележување со перфораторот на мапата“, вели Талија Петреска, Спасителна служба „Златоврв“.

Жичарата или зиип лајнот освен како можност за забава за младите на спасителите им служи и како алатка за извлекување на повредени лица во тешко пристапни терени.

„Работиме техники на единечно јаже, служи за извлекување, моментално еве презентација имаме на спуштање на дел од дечкиве. Да извршиме наша презентација на техниките. Оваа жичара се поставува над кањони за извлекување на повредени, за префрлање на повредени над река и слично“, рече Борче

Кампот е со поддршка на Општина Прилеп од каде велат дека ваквите настани ќе продолжат и понатаму.

„Оваа едукација на младите и тоа како им е потребна, особено сега после пандемијата. Ова му е потребно, не само на младите, туку и на повозрасните. Но особено за младите е виистински благодет после завршувањето на школската година. Јас е надевам дека овде и она што го имаме како проект „Нови можности“ кај вештачкото езеро тој камп ќе биде направен за сите граѓани на Прилеп“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Кампот ќе трае и утре за кога е планиран влез во пештерата Рамниште.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи