ВИДЕО – Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ донираше 100 книги за полуматурантите во ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп


По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Фондација „Д-р Михаил Левенски“ донира 500 книги „Како да станам свој“ во основните училишта во Македонија кои го носат името на кодификаторот на современиот Македонски јазик. Досега вакви книги се поделени во основните училишта во Скудриње, Велес и Скопје, а денес претставници на Фондацијата го посетиј ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп. Наставниците велат дека оваа книга ќе им помогне на тинејџерите полесно да се снајдат во период кој им следува.

„Токму во тој период кога детето се преиспитува, кој сум, што сум, каде ќе продолжам, како понатаму и кога пробува само да се пронајди добро е да се има едно вакво дело покрај него кое ќе му биде водич во понатамошниот дел од животот, полесно да може да се пронајди или како што кажува делото „Како да станам свој“, истакна Ангелка Баракоска, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Со оваа донација, секој полуматурант со сведителството за завршено основно училиште, добија и книга. Ова е моментот кога тие одлучуваат каде понатаму во животот.

„Уште од мали нозе сум ги сакал бројките и ми одела математиката и информатиката, па би сакал во иднина да се занимавам со комјутери, би сакал да работам во некоја фирма каде се произведуваат компјутери или софтвер“, кажа Стефан Јанески, првенец на генерација во во ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Дел од децата кои имаат афинетите кон пишувањето и тие им подарија свои авторски книги на Фондацијата.

„И навистина чест и задоволство е да се учи во едно вакво училиште каде соработката со наставниците, дружбата со пријателите е на највисоко ниво. Токму тука ја напишав и мојата прва книга, моето прво дело каде што главниот поттик ми беше упорноста на наставниците да не сплотат во едно“, рече Ана-Мрија Манчевска, ученик во ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Инаку Д-р Михаил Левенски беше психијатар, хуманист и писател, а Фондацијата и понатаму продолжува да работи по неговите начела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи