Почина Индиецот кој имаше 38 жени, 89 деца и 36 внуци


Почина Зијона Чана, 76 годишен Индиец од државата Мизорам кој имаше 38 жени, 89 деца и 36 внуци. Се верува дека Чана бил глава на најбројното семејство на светот.

Лекарите за новинската агенција Пи-ти-ај рекоа дека неговата состојба се влошила дом во неговото село Бактанг Тлангнуам. Во неделата навечер пренесен е во болница, каде по доаѓањето бил прогласен за мртов.

Огромното семејство во нивниото село во Североисточна Индија живее во куќа на четири ката наречена куќа на новата генерација, која има дури 100 соби. Индиецот бил поглавар на верска секта која практицирала полигамија, а неговите сопруги делат просторија во близина на приватната спална соба на Чана.

Иако по локалните медиуми го нарекуваа „светски рекорд“ за толку големо семејство, нејасно е за колку глобален рекорд се работи. Но, без разлика дали бил или не светски рекорд, Чана и неговото семејство се вид локална сензација која ги привлекува туристите во селото на североистокот на Индија.

Агенцијата Reuters пишува дека Чана е роден 1945 година и дека својата најстара сопруга, која е три години повозрасна од него, ја запознал кога имал 17 години. Семејството ѝ припаѓало на христијанската секта Чана Пави, која има околу 2.000 следбеници, а во 1942 година ја основал дедото на Чана.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи