ВИДЕО – Во Прилеп по 8 пат се одржа изложбата на уметничка фотографија – „Јордан Зазовски – Зазо“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Прилеп по 8 пат беше отворена изложбата „Јордан Зазовски – Зазо“ во организација на Фото кино клубот од Прилеп. На изложбата се претставија 59 автори со 64 фотографии. Фотографите велат дека последнава година помината во пандемија била доста плодна за нив, а се зголемил и бројот на членови на клубот кои сакале да се занимаваат со оваа уметност.

„Поради пандемијата условиите за работа беа доста потешки и сите курсови ги изведувавме во природа. Така што дечките и членовите кои ги направија овие фотографии, повеќе се лендскејпови и има по некој портрети. Последната година клубот морам да истакнам дека беше полн со млади членови и доста деца кои сакаа да учат и имаа слободно време да се занимаваат со фотографија и уметност“, истакна Сашо Попоски, претседател на Фото кино клубот Прилеп.

Младите фотографи од Прилеп велат дека овој град има голем број таленти од оваа уметност и дека со пандемијата лани уште повеќе се зголемил нивниот број.

„Во Прилеп има многу таленти за фотографија ние како Фото кино клуб ја промовираме фотографијата како бранша во уметноста. Минатата година одржувавме онлајн како конференциии наши од Фото кино клубот при тоа ги коментиравме нашите направени фотографии. Има доста интерес во Прилел за уметничката фотографија“, кажа Андреј Ристески, фотограф.

„Моментално како цел во 2020 година ми беше поставено за да ја усовршам студиската фотографија и исто така да ги совладам различните стилови на осветлување кои се присутни во студиската фотографија“, вели Петар Јанкоски, фотограф.

Интресен е фактот дека се повеќе девојки сакаат да се занимаваат со фотографијата.

„Сега поради пандемијата многу повеќе се инспирираат луѓето да прикажат некоја своја слика, некоја своја мисла преку сликањето“, додаде Фросина Конеска, фотограф.

Оваа изложба секоја година е поддржана и од Општина Прилеп.

„Фото кино клубот од нашиот град е извор на таленти затоа што иима освоено многу награди не само во нашата држава туку и надвор од неа и тоа секогаш ќе продолжии и понатаму“, исткна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Фото кино клубот додели и сертификати за втора и трета класа фотограф.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи