Еве колку ќе добие Прилеп и што ќе се гради со средствата што ќе ни ги даде ТАВ Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска попладне премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми Сани Шенер ќе започнат со доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата. Договорите на градоначалниците ќе им ги доделат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак. Станува збор за сума од точно 49.743.119 евра од Договорот за концесија склучен во 2008 година. За промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор.

Објавени се проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите.

Станува збор за сума од точно 49.743.119 евра од Договорот за концесија склучен во 2008 година. За промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор.

Најмногу пари од 98-те проекти, архивирани на 11 декември, ќе добие  АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. За 904.050.000 денари ќе треба да го подобри терминалот на Аеродром Скопје и да го модернизира и прошири терминалот на Аеродром Охрид. Град Скопје ќе добие 204 милиони денари за проектот кај Mомин Поток Петља и 178,5 милиони денари за изградба на мостот Карпош.

За регулација на Светиилијскиот порој, Општина Струмица ќе добие сума од  86.7 милиони. За Штип има 78.287.911 денари за резервоар на ридот Мерите на реката Брегалница. Шуто Оризари за атмосферска канализација ќе има 72.673.464 од овие пари.Општина Струга ќе добие 66.961.675 денари за патишта, а Чаир  62.580.373 денари за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на улица Џон Кенеди и во населба Серава.  На Битола и се одобрени 50,15 милиони денари за водовод и канализација во населбата АРМ.

Општина Охрид ќе го проширува Кејот за 38.25милиони денари, а Карпош че уредува пешачка зона во Порта Влае за 25.5 милиони. Сарај ќе добие пари за два проекта, од кои едниот ќе чини 46 милиони денари  за патот Букович – Раовиц. Нешто помалку ќе добие Кочани за потисен цевковод од пумпна станица. Има и 35,7 милиони денари за доизградбата на градинката Свети Климент Охридски во Бутел, 40,54 милиони денари за  реконструкција на главен довод на Пашовски ливади до собирна шахта за град Прилеп, вакумска фекална канализација со пречистителна станица во Јурумлери во Гази Баба од 40 милиони денари, 40,6 милиони денари ќе бидат искористени за фекален канализационен систем во село Сушица во Општина Ново Село. Општина Тетово ќе го гради патот Благоја Тоска за 42.64, а Куманово ќе треба да гради фекален колектор за Сопот, Табановце и Четирце за 47,75 милиони денари.

Има и голем број други проекти кои вредат околу или помалку од 300.000 евра, а станува збор главно со водоснабдување, изградба на локални патишта, улици, канали, фекални канализации, реконструкции и изградба на училишта, домови, речни корита, капела, центар за бездомни кучиња, спортска сала, колектори, цевководи, реконструкција на болница итн.

ТАВ Македонија ќе биде изведувач на овие проекти. Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена ќе биде уплатена на посебна сметка во Генералниот секретаријат на Владата за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

„Реализацијата се определува на начин што концесионерот ТАВ Македонија Илинден во својство на изведувач ќе ангажира компании коишто ќе бидат извршители на проектите“, се вели во одлуката.

Извор: Фактор

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи