Заев: Се консултираме законот за државјанство да го пуштиме со европско знаменце

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов се прават проверки и консултации дали има можност законското решение за државјанство да биде повлечено од Собранието и повторно да биде испратено, со европско знаме, доколку тоа е согласно одредени директиви и регулативи на Европската унија.

„Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи“, рече Заев.

Покрај тоа, Заев порачува дека верува дека парламентот на ваков или онаков начин ќе најде можност да гласа за ова законско решение без разлика на тоа што некој, од необјасниви причини, го блокира.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи