Нафтата и горивата од 1ви јули поскапи за 3,5 денари заради воведување на еколошка такса

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата ќе воведе еколошка такса за сите нафтени деривати за 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните, а која Владата веќе ја пресмета во ребалансот на буџетотот како дополнителен приход. Одлуките, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

„Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година“, вели Заев.

Истовремено, Заев најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на 5 %на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата и тоа од 1 јули. Намалувањето на ДДВ-то ќе биде 10 % до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи