Од денеска српските туристи добиваат картички за бесплатна патарина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почнувајќи од ноќеска по полноќ сите државјани на Србија кои со автомобил ќе поминат низ граничниот премин Табановце на пат кон Грција ќе добијат М-Смарт картички за плаќање на патарините.

На доделените картички има кредит од 760 денари колку што треба за поминување на коридорот 10 во двата правци. Изработени се околу 65 илјади картички и предадени на МВР кои ќе ги издава на „Табановце“.

Првата тура од 65.000 картички веќе се доделени на МВР. Вкупно е предвидено изработување на 200.000 картички, кои ќе се изработуваат етапно.

Граѓаните на Србија ќе ги задржат тие картички и понатаму за секој влез во нашата земја ќе можат да ги надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари преку системот e-Сard.

Владата ја донесе оваа одлука во знак на благодарност за донациите од вакцини на Србија за нашите граѓани, како и поради бесплатните вакцинирање во Србија. Оваа одлука на владата ќе важи до 15 август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи