Пристигна донацијата вакцини од Грција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска пристигна донацијата од 20 илјади вакцини против Ковид-19 на „АстраЗенека“ од Грција. Донацијата ја примија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19“, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи