Проданоски: Депонијата кај Алинци гори повеќе од 5 дена и никој не презема ништо за нејзино гаснење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пред четири години СДСМ на чело со градоначалникот Илија Јованоски застана пред депонијата во Алинци и даде ветување дека за време на неговиот мандат „на истото ова место, ќе изгради современа депонија согласно сите европски еколошки стандарди“. Јованоски вети и дека „- Ќе изгради фабрика за рециклирање на неоргански отпад. Истакнаа на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Еве, почитувани сограѓани гледајте го неговото ветување до кај не донесе. Депонијата кај Алинци гори повеќе од 5 дена и никој не презема ништо за нејзино гаснење. За фабриката да не зборуваме – остана така како што е затекната.

Градот е повалкан од било кога и диви депонии никнуваат насекаде. Имаме видео кое е снимено денеска и најсоодветно ја прикажува сликата за хигиената во градот!

Разочарувањето е поголемо затоа што вчера во непосредна близина на Дабничкиот канал, се одржа трибина на спортски терен кој не е предвиден за вакви настани, па и покрај долгорочното не одржување ова дополнително ќе ја влоши состојбата на подлогата за која реакција имаше од спортистите и спортските работници кои работат на теренот

Наместо Јованоски да се зафати со решавање на овие проблеми, тој реши ЈКП Комуналец да го направи фирма за вдомување на своите партиски кадри.

Па така, наместо за инвестиции, ЈКП Комуналец ги зголеми трошоците за плати и привремени вработувања. Ако за плати во 2017 година ЈКП Коминалец исплатило 96 милиони денари, во 2020 година тоа исплатило 115 милиони денари (19 милиони денари повеќе). Исто така, ако за привремени вработувања во 2017 година биле потрошени 6 милиони денари, во 2020 година за привремени вработувања се потрошени огромни 21 милион денари (15 милиони денари повеќе). Рекордна исплата на трошоци за привремени вработувања има и во претходната 2019 година-вкупно 22 милиони денари. За истиот период, добивката на ЈКП Комуналец е драстично намалена.

ВМРО ДПМНЕ ветува дека ќе ги преиспита и ќе расчисти со сите погрешни политики на СДСМ. Се разбира ќе бидат повикани на одговорност сите оние кои нанеле штета на јавните претпријатија.

Македонија и Прилеп немаат повеќе време да се занимаваат со теснопартиски интереси, а на штета на интересите на сите граѓани. Мора да се стави крај на бескруполозното партизирање и непрофесионалното однесување во водењето и на локалната самоуправа и на јавните претпријатија.

ВМРО ДПМНЕ располага и со капацитет и со политичка, но и со искрена желба и волја да го запри ова безобѕирно уништување на иднината на граѓаните. Доаѓа време на искрена, посветена и компетентна власт формирана од страна на ВМРО ДПМНЕ“, истакна Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи