РСБСП: 125 загинати во сообраќајки во 2020 година


Сообраќајните незгоди се сериозен општествен проблем на сите современи општества вклучително и на Република Северна Македонија.

„Динамиката на живеење и континуираниот раст на бројот на возачи и бројот на возила придонесува за раст на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на светско ниво“, соопшти Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Состојби со безбедноста на патниот сообраќај во РСМ за периодот 2010-2020

„Согласно наведеното може да се заклучи дека безбедноста на сообраќајот на патиштата во Северна Македонија бележи тренд на подобрување. Ако се земе во предвид фактот дека во периодот од 2002  до 2020 година  бројот на возила во државата се зголеми за повеќе од двојно и од 250.000 регистрирани возила, бројката на возила се зголеми на околу 550,000 регистрирани  возила,  а бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во 2002 година изнесувал 176 , а во 2020 – 125 загинати лица,  тогаш може да  се заклучи  дека безбедноста во патниот сообраќај бележи тренд на подобрување,  но сепак сеуште не е постигнато посакуваното ниво на безбедност на патниот сообраќај. Во Република Северна Македонија во 2020 година, 125 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Ако се тргне од претпоставка дека Северна Македонија има 2.000.000 жители, тоа значи дека РСМ во 2020 година, има 6.25 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители. Просекот на земјите членки на Европската унија е 5 загинати лица на 100.000 жители. Притоа важно е да се напомене дека, со исклучок на скандинавските земји кои имаат по 3 загинати лица на 100 000 жители, голем дел од земјите членки на унијата имаат исто или слично ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата како Република Северна Македонија, а некои дури се и понебезбедни“, соопшти РСБСП.

Според статистиката на СЗО годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони  се повредени во сообраќајни незгоди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи