УЕФА ја одби жалбата на Грција за акронимот МКД, нема прекршување на Договорот од Преспа


УЕФА одговори на протесното писмо испратено од Грција и жалбата за акронимот „МКД” кој се користи за Македонија на ЕВРО 2020, апелирајќи дека нема прекршување на Договорот од Преспа.

На неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис испрати писмо со жалба до УЕФА за логото на ФФМ кое се наѓа на македонските дресови, на Грците им смета тоа што ФФМ е кратена од Фудбалска федерација на Македонија.

Беше оспорен и акронимот „МКД“ кој се користи за Македонија на ЕВРО 2020, Грција бара да се користи акроним што одговара на новото име, како што е ‘NM’ (North Macedonia) или алтернативно ‘RNM’ (Republic of North Macedonia)”.

„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од УЕФА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи