Македонија ќе биде ставена на листата на ЕУ за „безбедни земји“ од ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од другите земји.

Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција.

Препораката би требало да се усвои во петок, кога и официјално ќе стапи на сила, со што жителите на овие земји ќе може слободно да патуваат низ земјите во ЕУ.

Секои две недели во ЕУ се расправа за ситуацијата во секоја трета земја, и се ажурира земјата со тие земји кои се сметаат за безбедни.

За да се добие статус на „безбедна држава“, треба да се евидентираат не повеќе од 75 позитивни случаи на 100.000 жители во последните 14 дена во земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи