НаТочак: Фина е пораката да користиме повеќе велосипед, но што направи државата да го овозможи тоа

„ДА СЕ ДВИЖИМЕ ПОВЕЌЕ СО ВЕЛОСИПЕД, ТРОТИНЕТ ИЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, ВЕЛИ ЗАЕВ ЗА НОВАТА ЕКОЛОШКА ТАКСА“. Фина порака е ова, особено кога доаѓа од Премиер на држава, меѓутоа што направила државата за да го помогне движењето со велосипед или тротинет, реагираат од граѓанската иницијатива НаТочак, на информацијата за еколошка такса и пораката на премиерот Зоран Заев дека треба граѓаните почесто треба да се движат со велосипед, тротинет или електрични возила, како што било пример секаде во светот.
„Додека Град Скопје работи на темата во рамки на можностите, а општините Центар, Прилеп, Охрид се обидуваат нешто да започнат, но премногу споро; на државно ниво нема апсолутно НИТУ ЕДНА ВЕЛО-МЕРКА:
– Една од последните држави сме во Европа и Балканот без стандарди / специјален Правилник за велосипедска инфраструктура
– Немаме државна стратегија / план за унапредување на велосипедски сообраќај
– Законот за безбедност во сообраќајот ни е е застарен
– Немаме Визија Нула (Vision zero / Sustainable safety) / современа стратегија за системско зголемување на безбедноста
– Немаме просторен план за велосипедски патеки меѓу населени места
– Нема поддршка со специјален фонд за општините за велосипедски патеки
– Министерство за транспорт и врски не го прифати нашиот предлог во Правилник за урбанистичко планирање за задолжителен велосипедски паркинг, туку го направија препорачан, за разлика од паркингот за автомобили.
– Министерство за транспорт и врски не ни ги прифати предлозите за планирање на автомобилскиот сообраќај за посакуваната брзина (поставеното ограничување), а не за поголема, односно за прилагодување на нашите стандарди кон европските, стеснување на автомобилски ленти, намалување радиуси на свртување во населени места и сл.
– Владата не ни го прифати предлогот за „#ПросторАнтиКорона“ мерки за здравствено (а еве сега гледаме и економско!) справување со корона-кризата кој го поднесовме минатата пролет заедно со уште 40 граѓански организации. http://natochak.blogspot.com/2020/04/blog-post.html Да го прифатеа, сега граѓаните ќе имаа каде да возат велосипеди и тротинети.
Што поттикнуваме ние во реалноста?
Зборовите мора да се преточат во дела!
Минатата година во март испративме листа на 9+1 Црвени-велолинии до сите политички партии, но и до Владата како институција и таа ги проследи до релевантните министерства: https://natochak.blogspot.com/2020/03/2020-9.html
Одговор, уште нема.
Бараме од Премиерот, неговиот кабинет и сите државни претставници да ги преточат своите зборови во дела.
Нека направат нешто на државно ниво што ќе го олесни движењето на велосипед, е-тротинет или било кое средство за микромобилност.
Па и нека се движат самите тие бар еден месец на велосипед за да видат што бараат од граѓаните и што треба да направат за граѓаните да се движат повеќе со велосипед или тротинет“, стои во реакцијата од НаТочак.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи