MВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за внатрешни  работи  ги  известува државјаните на Република Македонија  дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од  01.07.2021,  важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи