Филипче: Жената е на прво место во општеството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет – се грижиме за секоја мајка и сопруга, напиша на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста.

Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето.

Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи.

Во 2018 година започнаа со работа 3 центри за упатување на жртви од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово со поддршка од УНДП и УНФПА во соработка со ХЕРА. Преку нив, обезбедивме поддршка и заштита за жртвите од родово насилство“, напиша Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи