Потребни се уште само 2.000 евра малиот Матеј Алексоски од Прилеп да застане нормално на нозе. Матеј боледува од церебрална парализа. Лани во јуни руски лекари, кои доаѓаат во клиниката во Чуприја, во Србија, го направија ласерска операција на левата нога, која заедно со постоперативниот третман на бањи чинеше околу 7.000 евра, пари кои неговите родители ги немаа и се собраа преку донации.
Сега за да 100% нормално му се врати одењето потребна е уште една операција која чини нови 4.000 евра. Досега се собрании 2.000 евра, недостасуваат уште половина. Родителите ги немаат потребните средства, па затоа и закажаната операција беше одложена.
Се молат сите хумани граѓани и компании да помогнат што е можно побрзо.