Ташкоска: Го подобруваме водоснабдувањето на Прилеп со нов цевковод


Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на Прилеп и прилепчани, изјави на денешната прес конференција Еленче Ташкоска, член на Совет на општина Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Во соработка со Владата, обезбедени се 40.540.000 денари за реализација на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во мeстото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“.

Со овој проект, во наредните 4 до 6 месеци ќе биде изграден нов цевковод во должина од 4 км, од постојните извори во месноста „Пашоски ливади“ до собирната шахта на разводната водоводна мрежа за градот.

Со изградбата на новиот цевковод, на месечно ниво обезбедуваме нови 39.000 метри кубни вода за потребите на граѓаните на општина Прилеп, со што значително се подобрува водоснабдувањето во градот.

Посветено работиме на зацртаната цел, секој граѓанин, во секој ден од годината, редовно да добива чиста и квалитетна вода за пиење и за сите останати потреби.

Почитувани граѓани, многуте реализирани проекти во изминатите триипол години, се доказ дека СДСМ е најдоброто за нашата општина.

Заедно со граѓаните, одлучно и решително работиме на нови мерки за развој, напредок и подобар квалитет на живот за сите.

СДСМ е најдоброто за нашата општина, затоа што го слуша гласот на граѓаните, си стои на дадениот збор и го исполнува ветеното“, рече Ташкоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи