Бугарски „24 часа“: Компромисот на Заев е дека зборуваме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Зборуваме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни. Според бугарскиот весник „24 часа“ , ова е компромисот што го предложил премиерот на Македонија, Зоран Заев во Софија. Но, не се конкретизира кој е тој јазик.

Според весникот, Заев се согласил на измени во учебниците по историја во однос на историските личности и периоди.

На вчерашната прес-конференција, ниту Заев ниту бугарскиот премиер Стефан Јанев не одговорија конкретно за какви предлози од Македонија се работи, но весникот, повикувајќи се на извори од бугарската Влада, вели дека гостинот од Скопје дошол со пет компромиси кои требало да бидат вклучени во политичка декларација.

Меѓу другото, формулацијата за јазичниот спор била дека Бугарите и Македонците истовремено говорат на ист јазик, но и на различно кои меѓународно се одделно признаени.

Официјално, Заев на прес-конференцијата најави дека пред влезот во ЕУ ќе биде отворен македонскиот Устав и во Преамбулата ќе бидат вметнати и Бугарите и Хрватите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи