Димитров: Во Комисијата за историски и образовни програми, нема напредок, следната средба во октомври

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Вчера сигурно станало збор за работата на Комисијата, со Македонија. Но таа не била во центар на вниманието, од проста причина што таму нема напредок и нема што и како да се смени“, изјави утринава претеседателот на Комисијата за историски и образовни програми, Ангел Димитров ден по официјалните средби што македонската владина делегација ги имаше во Софија со бугарските претставници.

Димитров во интервју за Бугарската национална телевизија вели дека тоа било главната причина што бугарските власти сметаат дека не се исполнети условите за одржување меѓувладина конференција.

„По желба на нашите колеги, следната средба ќе биде во октомври. Во Договорот за добрососедство не е ништо исполнето, така што претпоставувам дека Скопје ќе направи напори за да покаже дека има желба за да постигне некаков напредок во другите сфери како инфраструктурата и.т.н. По сите области во договорот, застојот е неверојатен. И тоа е главната причина зошто не се исполнети условите за меѓувладина средба и давање зелено светло за почеток на преговорите за евроинтеграција. Тоа е главниот проблем, а не работата на историската комисија“, изјави Димитров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи