Официјално планетата Земја го доби својот петти океан – кој е тој?


Планетата Земјата пред неколку денови и официјално го доби својот петти океан. По Арктичкиот, Атлантскиот, Индискиот и Пацификот, сега е признат и Јужниот океан.

Националното географско друштво официјално го призна Јужниот океан на 8 јуни на Светскиот ден на океаните.

„Јужниот океан одамна е признат меѓу научниците, но бидејќи немаше меѓународен договор, никогаш официјално не го признавме “, рече географот Алекс Таит.

Научниците го признаваат Петтиот океан повеќе од 20 години, во кој се наоѓа и Антарктичката циркумполарна струја (ССК), студена морска струја што се движи од запад кон исток, а научниците веруваат дека се формирал пред 34 милиони години, кога просторот на денешниот Антарктик се одделил од Јужна Америка.

Живеалиште е на уникатен екосистем. Тоа е единственото место на светот каде што може да се види царскиот пингвин, венделовите туљани и илјадници други уникатни организми кои не живеат на друго место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи